Чешката полиција денеска соопшти дека презема мерки за заштита на некои училишта во земјата откако добила информации дека постои закана за вооружени напади на тие установи.
Полицијата во соопштение на Твитер не прецизира кои училишта се во прашање, туку само наведува дека го зголемила бројот на своите припадници во близина на загрозените училишта.
Исто така, полицијата наведува дека училиштата се известени за заканите од вооружени напади.