Белгиските комунисти даваат процент од својата плата за партијата

Од:

Белгиската работничка партија (БПР-комунисти) бара од своите членови да даваат дел од платата, тврдат локалните медиуми. Портпаролот на таа политичка партија не ги негираше таквите тврдења.

Според новинарско истражување, партијата барала од своуте членови да достават документи за платата. Така партијата оценувала какви приходи се доволни за семејно издржување. Ако на пример секој член од семејството добива месечно по 3.500 евра, но има расходи од 2.100 евра, партијата барала од членовите да и ја уплатат разликата.

Белгиските комунисти имаат зголемена поддршка во изминатите 10 години. БРП веќе е парламентарна сила што во мај беше поддржана од над половина милион избирачи.

Според белиски закони, партии претставени во федералниот парламент добиваат по 1,5 евра за добиен глас. БРП е основана во 1979 година но во парламентот е само од пред пет години. До 2014 година тие не можеа да имаат државни пари.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски