Кумановец под истрага за трговија со марихуана и амфетамин

Од:

Кумановското јавно обвинителство отвори постапка против едно лице кое е осомничено дека сторило кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Осомничениот 19 годишен жител на Куманово во својот дом неовластено заради продажба држел 305,91 грама марихуана и 4,29 грама амфетамин. Дрогата била пронајдена на 6 јуни при претрес на домот, скриена во близина на звучник од музички систем во неговата соба. При претресот биле пронајдени и дигитална вага и дрвена дробилка.

Основното јавно обвинителство Куманово до Основниот суд во Куманово поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судијата на претходна постапка го прифати ваквиот предлог и на лицето му определи притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Пари од прометот на Комуналното претпријате Сарај украдени од бирото на директорот

ВИДЕО: Приведени шестмина од скандалозното видео со пукање во гостиварско

Приведен 50-годишник, силувал девојка со здравствени проблеми

Катерина Ѓуровски

Пијани Србинки се истепале во Охрид

На Богородица фатен Србин со 5000 штеки цигари, Обвинителството бара притвор

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он