Гугл и Фејсбук реагираат на санкциите на САД против Хуавеј

Од:

Апликациите на Фејсбук нема повеќе да бидат достапни на новите модели на паметните телефоните Хуавеј, тука се вклучени и Инстаграм и Ватсап, додека Гугл го предупреди Вашингтон за безбедносните ризици од санкциите, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Одлуката е последица на забраната наложена од Вашингтон на снабдување на американска технологија и делови за кинеската компанија.

Во соопштенито за јавноста од Фејсбук денеска се укажува дека сопствениците на веќе пуштените во употреба телефони Хуавеј засега ќе можат да ги користат, инсталираат и обновуваат апликациите во онлајн продавницата „Гугл Плејстор“. Сепак, се наведува дека идните модели на овие телефони најверојатно нема да имаат пристап до продавницата.

Во врска со ова реагираше и Гугл. „Фајненшл Тајмс“ објави дека официјални лица на компанијата го предупредиле Вашингтон за безбедносните ризици од санкциите. Ова може да доведе до удвојување на оперативиот ситем Андроид, и еден оперативен систем ќе биде оригинал а друг копија, велат од компанијата.

-Алтернативен оперативен систем заснован на отворена верзија на Андроид ќе биде изложен на напади на хакери, со тоа телефоните можат да бидат подложни на злоупотреби, велат од Гугл.

Од Фејсбук не наведуваат кога точно ќе започне забраната за нивните апликации на новите телефони на кинеската компанијата.

САД ја обвинија Хуавеј за кибер шпионажа во корист на кинеските власти. Затоа кон средината на мај Хуавеј се најде на црниот список на Министерството за трговија на САД. Компанијата нема повеќе да може да купува програми и делови од американски компании без специјална дозвола. Американските компании имаат време да се подготват за забраната – Хуавеј во моментов има ограничена лиценца до 19 август, 2019 година.

Во првото тримесечје годинава Хуавеј држеше речиси 19 отсто од светскиот пазар на паметни телефони, наведуваат од ИДЦ, консултантска фирма во дигиталната индустрија. Кинеската компанија е втора после Самсунг, и продажбата на смарт телефони е главен извор на нејзините приходи.

Експертите сметаат дека ако Хуавеј го изгуби пристапот до Гугл, побарувачката за овие телефони може драстично да се намали.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија