Лесно за подготвување, освежувачка алтернатива за сендвичи.
Состојки:
2 лажици јогурт
2 лажици мајонез
Сецкан целер
Мал млад кромид, ситно сецкан
Пилешки гради (сварени и исецкани)
4 средни домати
Ситно сецкана марула
Подготовка:
Во сад измешајте ги јогуртот, целерот, кромидот и пилешкото. Засечете ги доматите, потоа наполнете ги со мешавината од состојки.
Може да се послужи со крекери, целер стапчиња или морков.