Директорот на Фондот за здравство, Јован Грповски изјави дека преглед кај матичен лекар и ехо преглед кај гинеколог, кој во здравствената легитимација е заверен како матичен, не се наплаќа.
Сите пациентки кои платиле 150 денари за преглед кај матичниот гинеколог, без да бидат подложени на некаква лекарска интервенција, треба да пријават во Фондот за здравство – истакна Грповски.
Директорот на Фондот рече дека прегледи се наплаќаат само кај стоматолозите.