(ВИДЕО) Нацев: Oваа власт не направила ниту чекор кон реформи и нема никаква реална борба против корупцијата

Од:

Со власта на Заев Македонија тоне во корупција и криминал и тоа не го кажуваат само ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните, туку истото го нотира Европската комисија и релевантните меѓународни извори. Во извештајот на Комисијата јасно е посочено дека Корупцијата е присутна во многу области и останува причина за загриженост. Тоа значи дека оваа власт не направила ниту чекор кон реформи и нема никаква реална борба против корупцијата. Напротив со оваа оценка се потврдуваат нашите ставови дека токму власта е генератор на корупцијата во Македонија, рече Александар Нацев, на денешната прес конференција.

Извештајот потврди дека Зоран Заев е причината заради која Македонија на извештајот на Транспаранси Интереншнл е на 93-то место веднаш зад Руанда и Свазиленд. Имено, со ова се потврдува дека принципот “Евро за Вицето“ е причината зошто Македонија назадува. Со ова се потврдува дека сомнителните тендери, грантови и јавни набавки кои ги добиваат функционерите на СДСМ и нивните фирми ја оддалечуваат Македонија од европските вредности. Со ова само се потврдува дека Македонија е раководена од криминален картел чиј основен интерес е личното богатење, објасни Нацев.

Дополнително, во извештајот на Европската комисија се нотира дека постои сериозен проблем со честата појава на шверц на северната граница проблем кој мора дополнително да се третира. Токму ова беше посочувано и од страна на Глобалната иницијатива против организираниот криминал која во својот Извештај говори за дослух помеѓу власта и криминалните картели во Македонија. Тоа само го потврдува ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека постои спрега помеѓу власта и криминалното подземје во Македонија, односно дека во Македонија мафијата има сопствена држава, додаде Нацев.

Исто така во Извештајот на Европската комисија се забележува за надзорот и контролата над работата на разузнавачки служби, што говори дека оваа власт не ја уверила Европската Комисија дека на ова поле ќе се води сериозна кадровска политика базирана на експертски решенија, а не на партиски кадри. Токму во тој правец по иницијатива на ВМРО ДПМНЕ ќе се пристапи кон изработка и усвојување на закон за собраниски надзорни тела со што надзорот на службите дополнително ќе се зголеми. Дополнително ќе работиме да се изработи и усвои Закон за совет за национална безбедност што ќе е прв пат во историја на нашата држава да се усвои ваков закон за оваа значајна уставна институција, како и на изработка на нов закон за Агенцијата за разузнавање, истакна Нацев.

Критиките на Европската комисија се јасни и прецизни и укажуваат на фактот дека оваа Власта наместо да работи кон подобрувања на полето на безбедноста, борбата со криминалот и корупцијата, таа ги поттикнува овие негативни појави и со тоа ја оддалечува Република Македонија од добивање на датум за почеток на преговорите. Заев и Власта може да се обидуваат да ја замајуваат јавноста, но и јавноста и меѓународните партнери гледаат дека оваа неспособна и криминогена структура на власт за жал нема капацитет да ги направи суштинските реформи кои Македонија ќе ја направат пристојна европска земја која може да отпочне процес на преговори. Европеизација на Македонија е невозможна со Заев на чело на власта, заклучи Нацев.

Би можело да ве интересира

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата