(ВИДЕО) Османи: „Бомбите“ не се работа на ДУИ, туку на институциите

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој воедно е и портпарол на ДУИ, денеска изјави дека прашањето за објавените прислушувани телефонски разговори во кои наводно се слушаат гласови на високи членови на партијата, треба да го разгледуваат институциите кои треба да ја гарантираат приватната комуникација.

Османи рече дека во ДУИ ова прашање не било разговарано и дека нема да коментираат приватни разговори.

-Во ДУИ ова прашање воопшто не е разгледано, ниту во никаква форма анализирано, бидејќи сметаме дека не е прашање што треба партијата да го разгледа, ниту не засега. Тоа е прашање на институциите којшто треба да ја гарантираат приватната комуникација и тоа институциите треба да го сторат. Апсолутно немаме никаква вознемиреност во тој дел ниту нешто посебно правиме, бидејќи тоа не е надлежност ниту на ДУИ, ниту на другите политички партии. Тоа е прашање на институциите. ДУИ била предмет на специјални војни од кога постои, но од сите предизвици излегла секогаш посилна, рече Османи, одговарајќи на новинарско прашања.

Во однос на најавените министерски смени од страна на премиерот Зоран Заев, тој рече дека има комуникација меѓу Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети, како што кажа, за зајакнување на капацитетите на Владата во делот на економијата.

– Метлата не е принцип којшто ДУИ го користи, но да претседателот на ДУИ Али Ахмети и претседателчот Заев разговараат за зајакнување на капацитеите на Владата во пресрет на отворањето на новото поглавје во фокус на Владата, а тоа е економијата, рече Османи.

Исто така имало разговори за да се надминат недозразбирањата што произлегоа по назначувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање од страна на претседателот Стево Пендаровски.

– Има комуникација да најдеме решение за ова прашање, рече Османи.

Би можело да ве интересира

Ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места ДУИ ќе го формира со коалициските партнери од Европски фронт

Можното прегласување на седум избирачки места е тема на вонреден состанок на претседателството на ДУИ

Европски фронт: Дали „Вреди“ се согласиле со ВМРО за ревизија на Коридорот 8

ВЛЕН: ДУИ е во паника, изјавите им се притисок врз Управниот суд

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024

До Управниот суд стасана една тужба од ВЛЕН, тужби има и ДУИ за сите седум избирачки места

Горан Наумовски