Ворен Урбексинг со години чекаше дозвола за снимање на Припјат, градот познат по тоа што бил во центарот на нуклеарната катастрофа 1986-та година.
Минатиот месец тој конечно доби дозвола и со својот дрон сними нереални кадри.
Експлозијата во Чернобил, што се случи на 26-ти април, пред 33 години се смета за една од најголемите еколошки катастрофи во историјата.
Повеќе од сто илјади жители биле евакуирани од Припјат, а последиците од зрачењето го почувствувале милиони луѓе.