Изборните победници во Финска, Социјал-демократската партија и уште четири помали партии постигнаа договор за заедничка владина програма за четиригодишен мандат, што е одлучувачки чекор за формирање мнозинска коалиција, изјави денеска кандидатот за нов фински премиер Анти Рине.
Преговорите меѓу петте партии за заедничка коалициска програма траеја од парламентарните избори одржани на 14 април, на кои социјалдемократите на Рине победија со само 17,7 отсто од гласовите.
Рине додаде дека партиите во недела ќе продолжат да преговараат за кандидатите за министри и дека програмата ќе ја објават во понеделник.
Социјалдемократите во предизборната кампања ветија дека ќе ја зачуваат сеопфатната државна благосостојба во Финска, откако претходната влада на десниот центар наметна мерки на штедење.