СДСМ: Очајната ВМРО-ДПМНЕ се уште не го признава успехот нотиран во најпозитивниот Извештај на Европската Комисија

Од:

По хаосот во земјоделството, по долгогодишните закани, пристисоци и уцени што ги правеше кон земјоделците ВМРО-ДПМНЕ денес нема никаков кредибилитет да зборува за аграрни политики, велат од СДСМ преку соопштение.

„Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ заборави на земјоделците и нивните потреби и за нив најважно беше остварувањето на личните бизнис интереси.
Втор ден, само ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не можат да да го прифатат најпозитивниот Извештај од Европската комисија.

Денес, опозицијата може да гледа и учи што значи грижа за земјоделците.

Платежната агенција исплати 5,5 милиони евра субвенции за одржување на овошни насади, меѓу кои и за јаболка, со што се потврди грижата за овоштарите.

Преку реформата „зелена нафта“ се овозможи намалување на трошоците на земјоделците за набавка на гориво во висина од 30 отсто, што значи дека 200 милиони денари ќе се вратат назад кај околу 55 илјади земјоделци.

Раст бележат и откупот и продажбата на земјоделски производи кои во првиот квартал се повисоки за 5,9 отсто во однос на истиот период од 2018 година.

Донесена е измена на Закон за закуп на земјоделско земјиште со која им се овозможува и на земјоделски стопанства да аплицираат на огласи за закуп се до обезбедување на површини од 10 хектари. На тој начин се создваат услови за окрупнување на површините и за зголемување на производството.

Успешните земјоделски политики го враќаат достоинството на земјоделците и земјоделието како една од најважните гранки за развој на нашата држава. Лицемерното ВМРО-ДППМЕ останува осамено во деструктивноста и антиевропската определба.“, заклучува СДСМ во соопштението.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада