Холандија достави барање до Брисел за враќање на визите за Албанија

Од:

Холандија денеска до Европската комисија и официјално ја достави Резолуцијата усвоена неодамна во холандскиот Парламент, со која се бара враќање на визниот режим за патување на албанските граѓани во земјите на ЕУ.

Ваквото барање Холандија го достави до европскиот комесар за миграции, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамопулос.

Холандскиот парламент на 16 април, по барање на група пратеници од пет политички партии, усвои Резолуцијата за враќање на визите за Албанија, поради „зголемениот албански криминал“ во Холандија. Резолуцијата беше усвоена со 108 гласови „за“ и 42 „против“.

– Укинувањето на визите за албанските граѓани е неопходно поради видното зголемување на криминалот од страна на албанската мафија во Холандија. Овие криминални организации ја злоупотребуваат можноста да патуваат без визи низ Европа и ја шират мрежата за криумчарење, се наведува во Резолуцијата.

Со Резолуцијата и се налага на Владата на Холандија да го поднесе оваа барање до Брисел, бидејќи последниот збор во врска со барањето за враќање на визен режим го има Европска Унија.

Амбасадата на Холандија во Тирана појасни дека се до донесувањето друга одлука, за албанските граѓани останува да важи истата визна политика, односно дека на оние државјани на Албанија кои поседуваат биометриска патна исправа не им е потребна виза за патување во Шенген зоната.

Би можело да ве интересира

Официјален Брисел криеше дека Фон дер Лајен е во болница

Немири во Брисел, уапсени 159 лица

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Усвоена е декларација во Брисел: Иднината на Западен Балкан е во ЕУ

ВИДЕО: Разорна експлозија во Хаг, потрага по преживеани