Ограбен КАМ маркет во Тетово

Од:

Околу 122 илјади денари одзеле две маскирани лица од кои едно вооружено со пиштол, при разбојништвото што се случило синоќа околу 21 часот и 30 минути во КАМ маркетот на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Тетово информираше денеска портпаролот на тетовкста полиција, Марјан Јосифовски.

Двете лица се втурнале во маркетот и заканувајќи му се вработениот дека ќе пукаат го натерале да ги однесе до просторијата каде се чувал сефот со пари. Таму била и одговорната за маркетот па откако разбојниците и на неа и се заканиле со пиштолот таа го отворила сефот од каде тие ги одзеле сите пари и избегале во непознат правец.

Полицијата извршила увид, подигнала траги за вештачење и работи на откривање на сторителите. Ова е прво регистрирано разбојништво во Тетово од почетокот на оваа година.

Би можело да ве интересира

Маж ја истепал и ја ограбил својата баба

НФЛ играч е тешко ранет: Момче го застрелало во градите, лекарите се борат да го спасат

Државјанин на Египет ја ограбил партнерката од Кочани, и земал пари и автомобил

Вработена во обложувалница е повредена при грабеж на објектот

Две момчиња ограбиле приватна фирма во Тетовo

Горан Наумовски

Разбојник се обидел да ограби жена во Куманово, таа паднала и се повредила