Ред Бул може да го смени Гaсли со Хулкенберг

Од:

Пјер Гасли не покажа доволно добри резултати од доаѓањето во Ред Бул, иако во Торо Росо се претставуваше многу ветувачки. Иако Французинот покажа знаци на подобрување, се чини дека тоа е незадоволително за тимот од Милтон Кинс, а особено за нивниот советник д-р Хелмут Марко.

Италијанскиот сајт „Моторспорт“ излегува со шпекулации дека за заменик на Гасли не се дискутира за пилот од помалиот тим Торо Росо или од програмата на Ред Бул, туку Нико Хулкенберг од Рено. Според публикацијата, Хелмут Марко ја загубил трпеливоста со Гасли и веќе бара посилна опција.

На прв поглед, би било изненадувачки Ред Бул да поканат надворешен пилот кој веќе има 31 година, под услов дека располагаат со сопствени свежи сили. Другата логика, сепак, е дека сакаат да му веруваат на некој искусен пилот, кој ќе биде истовремено брз и смирен колега на големата ѕвезда Верстапен. Хулкенберг одговара на овој опис и иако е во Ф1 од 2010 година, досега се чини дека незаслужено не наоѓал место во тим со вистински шампионски амбиции.

Би можело да ве интересира

Хамилтон: Ме немаше. Сега се вратив

Ана Ололовска

Во Формула 1 вакцините против Ковид станаа задолжителни

А1он

Еклстоун: Нема луѓе како Раиконен во Ф1, сите станаа како роботи

Ана Ололовска

Доменикали: Се надевам на продолжување на битката Верстапен – Хамилтон, но сметам и на други тркачи

Ана Ололовска

Биното: Кој ќе биде прв возач на Ферари ќе биде одлучено на патеката

Ана Ололовска

Нико Розберг бара промени во Формула 1

А1он