Одрон во рудникот Суводол

Од:

Поголема количина јаловина се одронила завчера во рудникот „Суводол“ кај РЕК „Битола“, соопштија од ЕЛЕМ. Од таму велат дека свлечиштето настанало како резултат на обилните врнежи деновиве. Од комбинатот посочуваат дека секојдневно се слеедела геомеханичката стабилност на теренот од страна на надлежните служби на производна единица „Рудници“, па навремено биле евакуирани багерските единици и останатата механизацијата на јагленовиот систем, објави Дневник.

Но, и покрај преземените превентивни мерки дел од одронетата јаловина делумно го оштетила погонот за движење на багерот КУ-300, кој е ангажиран на ископ на јаглен. Во моментот во рудникот Суводол засилено се работи на расчистување на одронот и санација на багерот КУ-300, што според првичните согледувања се очекува да трае неколку дена.

„Експлотацијата на јаглен во ПЕ Рудници се одвива во зимски услови, што не влијае на континуираното одвивање на производниот процес и испораката на јаглен до термоелектраните до ТЕ ’Битола’. Ваквите појави не се невообичаени, особено за овој период годината во услови на обилни врнежи“, соопштија од ЕЛЕМ.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

(ВИДЕО) Голема експлозија: 19 мртви

Тешко повреден работник во рудникот „Брод – Гнеотино“

Горан Наумовски

Во рудник крај Пробиштип тешко повреден е рудар

Регионот започна да ги исполнува целите од Зелената агенда на ЕУ

Предраг Петровиќ

Продолжува уривањето на рудникот во регионот Амур, 13 рудари се заробени