ВИДЕО: Средба на премиерот Заев со членовите на „Dancers United“

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев се сретна со членовите на групата „Dancers United“, кои освоија златен медал на Светскиот куп во рамки на Европското првенство во Римини, Италија во 2019 година, како и први места на светското првенство во Полска и европското првенство во Италија во 2018 година. Со нив беа и нивните родители, тренери и ментори.

– Браво членови на „Dancers United“. Нашата земја и нашиот народ се горди на сите вас. Ова што вие го правите за промоција на државата е амбасадорски успех. Вие продолжете со вашите заложби, а сметајте и понатаму на мојата поддршка и на поддршката на Владата во сите ваши нови предизвици“, им порача премиерот Заев на членовите на групата, на нивните родители и на тренерите и менторите.

Премиерот Заев ги слушна убавите искуства од настапот во Римини, Италија. Тие соопштија дека членовите на „Dancers United“ се веќе препознатливи и за европската и за светската јавност. При тоа изразена е посебна благодарност до премиерот Заев, до Кабинетот на премиерот и до Владата, за поддршката којашто придонесува во нивната презентација во светот, како и во мотивацијата, поради поддршката и признанијата што ги добиваат во својата држава, соопштуваат од владината прес-служба.

– Во име на Владата на Република Северна Македонија, на танчерите од „Dancers United“ доделувам Признание за ентузијазмот, трудот и упорноста со коишто членовите на оваа танчерска група успешно работат на инклузија на лицата со попреченост и за благородната цел – општество еднакво за сите, истакна премиерот Заев при врачување на Признанието.

И членовите и претставниците на Dancers United му дадоа благодарница на премиерот Заев за особен придонес за талентите и можностите на групата Dancers United.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот