Шпанскиот Ф1 ас Фернандо Алонсо изрази задоволство од однесувањето и постигнатите солидни резултати на новиот болид на Ферари, со ознака Ф138. На вчерашната тест-сесија на патеката Каталуња го постигна најдоброто време. Со новиот болид сите во таборот на славниот италијански тим се надеваат на успеси во новата 2013 сезона, во која планираат да се борат за победа уште од првата трка.
– Испробавме многу нови компоненти денеска, тестиравме и со меки и со тврди гуми, а пробавме и различни аеродинамични пакети. Направив 97 кругови кои ми помогнаа подобро да се запознам со болидот. Многу сум задоволен и од тоа што го може, и од резултатите кои ги постигнавме – вели Алонсо.