КФОР: Косовските граѓани да останат мирни и да не се плашат

Од:

Командантот на Меѓународните сили на Косово (КФОР), италијанскиот генерал Лоренцо Д’Адари денеска ги повика косовските граѓани да останат мирни, порачувајќи им дека нема од што да се плашат.

Во врска со денешната полициска акција во која се уапсени повеќе лица под обвинение за организиран криминал и корупција, Д’Адари апелираше до „сите страни во Косово“ да ги решаваат споровите мирно и одговорно и без употреба на сила и насилство.

КФОР во соопштение нагласува дека косовската полиција спроведува полициска операција на целата територија на Косово врз основа на налози за апсење издадени од страна на Суд во Приштина во рамки на истрага поврзана со корупција.

– КФОР потврдува дека ова е само полициска операција и дека Косовските безбедносни сили или кои било други воени сили не се распоредени на северот на Косово, се наведува во соопштението на Меѓународните сили.

КФОР нагласува дека продолжува да ја следи состојбата и дека е подготвен да интервенира доколку биде потребно, со цел „да се гарантира безбедноста на сите заедници врз основа на неговиот мандат во согласност со Резолуцијата 1244 во Советот за безбедност на ОН“.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски