Форбс: Детроит најбеден град во САД

Од:

Злосторствата, високата невработеност, се помалиот број жители и финансиската криза го прават Детрот најбеден град во САД според магазинот ФОРБС. Оваа година, градот кој важи за мека на автомобилскиот сектор во Америка, го надмина Мајами кој лани беше на врвот на листата.

Детроит, кој бил центар на автомобилската индустрија, веќе неколку години се соочува со проблеми и е на работ на банкротот, па поради тоа можно е финансиски да го преземе сојузната држава Мичиген.

Стапката на насилство во Детроит е највисока со 1052 на 100.000 жители, според податоците на ФБИ.

Американскиот магазин “Форбс“ ги истражил 200-те најголеми урбани центри во САД, а потоа направил попис од 20 најлоши рангирајќи ги според стапката на криминал, даноците, цената на станбен простор, временските прилики и намалување на бројот на населението.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас