СДСМ: Шпекулации се информациите дека ќе поддржиме кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во Струга

Од:

СДСМ ги оцени како шпекулации информациите дека во Струга ќе го поддржат кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.

– Социјалдемократскиот сојуз кажа јасен став во однос за учеството на локалните избори, се друго што се пушта во кулоарите е обична шпекулација, а за тоа како ќе се одрази неучеството и бојкотот во одредени општини, каде што мнозинството не е македонско население, треба да мисли ВМРО-ДПМНЕ кој ја доведе Македонија во ситуација да има опозиција во бојкот за време на локални избори, рече членот на ИО на СДСМ, Рената Т. Десковска на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.

Таа додаде дека не се размислува за отстранување на ПЕИ и Српската партија од Коалицијата и покрај тоа што ќе се појават на локалните избори.

– Ние не одговараме за постапките на нашите коалициски партнери, за она што го донеле тие како сопствена одлука. Сепак по разговорите, тие остануваат на платформата која што договорена во рамките на Сојузот за иднината, рече таа.

Десковска на прес-конференцијата се осврна на предложениот закон за правосуден испит истакнувајќи притоа дека тој предвидува катастрофално лоши, апсурдни и нелогични решенија, кои што само го деградираат квалитетот и нивото на знаење, како и целосна деградација на правничкото образование и на правосудниот испит во Република Македонија.

Во него, додаде таа, предвидено е правосудниот испит да се полага како квиз со заокружување на однапред понудени алтернативи, иако, како што рече, тој треба да биде последна проверка на правниците пред тие да се вклучат во самостојна работа од која што често пати зависи остварувањето на човековите права и на правдата во Република Македонија. Со предлогот, истакна Десковска, им се дава можност на оние кои што беа слаби студенти, а имаат аспирации да станат судии на полесен начин да го положат правосудниот испит.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанковиќ: Матни зделки во енергетиката, зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи дали Алказар има одобрение за градба?

Шукова: Верувам дека културата не е трошок, туку инвестиција во иднината на еден град

Требаше да биде кандидат на СДСМ, а му се приклучи на тимот на Ѓорѓиевски во трката на Скопје

СДСМ бара Сиљановска да не го потпишува Указот за Законите за полиција и МВР

ВМРО-ДПМНЕ: За ситни политички поени, СДС ја стави Македонија во пламен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајчулески до Мицкоски: Зошто го отворате прашањето за македонскиот јазик, не враќате во времето на Груевски со истите мотиви?