Пилотите на Мерцедес, Луис Хамилтон и на Ферари, Себастијан Фетел, по седми пат се искачија на подиумот во Монако.
Според оваа статистичка категорија во Формула 1 шампионатите, Хамилтон и Фетел се изедначија со Грем Хил и Михаел Шумахер. Лидер е легендарниот Аиртон Сена со осум подиуми во Кнежеството.
Денес Хамилтон победи, а Фетел беше втор.
Од последните девет победници на Големата награда на Монако, само еден станал шампион истата таа сезона – Фетел во 2011 година.