На протестот на „жолтите елеци“ денеска во Брисел дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата.
Стотици демонстранти одржаа протест против социјалната неправда, а имаше и лица во црни дуксери, кои ги провоцираа чуварите на редот.
На неколку места дојде до конфликт со полицијата, а неколку лица беа уапсени. Во Белгија и денеска се одржуваат општи избори. Медиуми наведуваат дека судирите се случиле во близина на седиштето на ЕУ.