Грчките медиуми за вчерашната средба Аврамопулос-Бан Ки Мун

Од:

Обединетите нации бараат забрзување на преговорите за решавање на прашањето за името, јавуваат денеска сите грчки медиуми.

Сите медиуми известуваат за вчерашата средба на на министерот за надворешни работи Димитрис Аврамопулос и генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, од која како главен акцент се извлекува изјавата на Аврамопулос дека „Грција презеде значајни иницијативи во контекст на напорите за решавање на прашањето за името, како што е предлогот за потпишување на меморандум за разбирање со Скопје“.

Според грчки дипломатски извори, Аврамопулос на средбата „ја потврдил посветеноста на Атина за продолжување на преговарачкиот процес во рамките на Обединетите Нации“.

Медиумите го пренесуваат и соопштението од ОН во кое се истакнува дека генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун сака забрзување на преговорите за „името“ на Македонија, како и за кипарското прашање.

Сепак, главна вест од вчерашната средба во Њујорк е вербалната нота која Атина вчера ја достави до Обединетите Нации за турскитеистражувања во Егејското море.

Грчкото МНР соопшти дека поднесувањето на нотата е заштитна мерка на Грција во одбрана на суверените права во земјата, во согласност со Законот за морето, а особено со Конвенцијата на ОН за Законот за морето од 1982 година.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски