Иран со закани: Можеме да ги уништиме американските бродови во Персискиот залив

Од:

Иран може да уништи американски воени бродови во Персискиот залив користејќи ракети и „тајно оружје”, изјави високиот ирански воен претставник генерал Мортеза Корбани.

– Америка испраќа два воени бродови во регионот. Ако направат нешто глупаво, ќе ги потопиме тие бродови заедно со нивните екипажи и авиони, рече Корбани, кој е советник во иранската воена команда.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера соопшти дека ќе испрати 1.500 војници на Блискиот Исток, како мерка на претпазливост.

-Сакаме да бидеме заштитени на Блискиот Исток. Ќе испратиме релативно мал број војници, главно одбранбени, изјави Трамп.

Би можело да ве интересира

Заменик лидерот на Хезболах го напушти Либан, добил наредба од Иран итно да се евакуира

(ВИДЕО) Техеран откри кој стои зад нападот со дрон врз резиденцијата на Нетанјаху

Израелски медиуми: „Иран се обиде да го убие Нетанјаху“

Горан Наумовски

Иран и Хезболах му се закануваат на Израел по убиството на лидерот на Хамас

Катерина Ѓуровски

Рјабков: Русија го предупредува Израел да не ги напаѓа иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Командантот на Иранската револуционерна гарда испрати застрашувачка порака до Израел