МТСП: Воведуваме траен надоместок за невработен родител којшто се грижел за дете со попреченост

Од:

Со социјалната реформа се унапредуваат правата на лицата со попречености, но и на семејствата коишто се грижат за нив. За разлика од досегашната пракса, со која само се трансферираа финансиски средства до крајните корисници без притоа да добијат соодветна услуга, сега се става акцент на развојот на услугите кои ќе ја подобрат поддршката и негата , но и ќе ја зголемат независноста на лицата со попрченост и нивната вклученост во општеството, соопштува Министерството за труд и социјална политика.

Биолошките семејства кои имаат деца со попреченост,  како поддршка веќе имаат зголемен износот на утврдената висина на правото на посебен додаток за 15%. Воведуваме и траен надоместок за родител, кој се грижел за детето со попреченост до неговата 26 годишна возраст без да го смести во институција. Право на овој надоместок ќе имаат родителите коишто се невработени и не користат право на
пензија. Надоместокот ќе може да го користат, по наполнување на 62 години за жена, односно 64 години за маж.

Со новиот закон ја развиваме и услугата за одмена на семејна грижа која ќе обезбедува краткотрајно згрижување на зависни членови од семејството заради одмор, лични и професионални потреби на членови на семејството кои се грижат за нив.

Користењето на правото за попреченост, со новиот закон се проширува и за лицата со интелектуална попреченост, додека додатокот за надоместок за плата за скратено работно време за родител кој чува дете со попреченост се зголемува до 50% од просечна нето плата. Се воведуваат две целосно нови услуги за лицата со попреченост – Лична асистенција и услугата Домашна нега.

Активно продолжува да тече и процесот на деинституционализација. Владата на Република Северна Македонија лани ја усвои Националната стратегија за деинституционализација 2018-2027 „Тимјаник“, кој предвидува 66 милиони евра за 10 годишна реформана системот за социјална заштита.

Ова е доказ дека оваа Влада работи на унапредување на правта на лицата со попреченост и во целост ги има во предвид одредбите на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, особено нејзините одредби за независен живот и независно одлучување кои се основата на развојот на сите нови индивидуални услуги коишто во минатото не постоеле.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска