Пилешко филе прелијте го со растопено сирење и уживајте во чаша бело вино.
Состојки:
4 парчиња пилешко филе
црн бибер
50 мл бело вино
3-4 лажици маслиново масло
сос од растопено сирење – по желба.
Подготовка:
Посолете ги филетите, напрскајте ги со мелен црн бибер, налијте ги виното и малоновото масло оставете да се маринираат.
За тоа време сварете го зеленчукот (по желба).
За сосот може да користите веќе готово пакување. Згответе го според упатството.
Ставете го месото на на загреана тава и испечете го на двете страни до златно румена боја.