Министерот без ресор задолжен за дијаспора, во Владата на Република Северна Македонија, Едмонд Адеми, упати честитка до Васил Стерјовски, кој деновиве стана пратеник во Парламентот на Албанија.
-Вашата одлука е голем демократски чин. Ја ценам Вашата одлука да се вклучите во демократските процеси во Република Албанија во овој важен момент и за Албанија и за регионот. Убеден сум дека ќе бидете репрезентативен и со Вашето искуство ќе придонесувате во значајни политички процеси и ќе бидете гласот на граѓаните во Собранието. Политиката е на големите одлуки, на чекорењето напред, кон перспективата, кон иднината, развојот, стои во честитката на министерот Адеми.
Посочува дека политичката активност бара посветеност, напор и храброст, да бидеш одлучен, кога другите не можат, да ги убедиш другите дека во политиката треба да бидеш клуч за големи врати и да отвораш големи порти.
Адеми му посакува на Стерјовски да создава простор за соработка, пријатели и добронамерници, за достоинствена иднина.
-Историски е и значањето што Собранието на Република Албанија во своите редови го има првиот пратеник – Македонец.Тоа е голема чест. Вашата позиција и како пратеник, допoлнително ќе придонесе за продлабочување на албанско- македонските односи, како и создавањето простор за двете земји заеднички да чекорат напред кон евроинтеграциите ,се наведува во честиката.
Ме импресионираше, стои понатаму, Вашиот говор во Собранието на Република Албанија, каде на брилјантен начин и децидно, кажавте дека ќе се потпирате на европскиот дух и дијалог, унапредувајќи ги уште повеќе одличните односи на Република Албанија и Република Северна Македонија.
-Државите денеска се мерат со капацитетот за развивање на добрососедството и регионална соработка. Луѓето кои придонесуваат за изградба на мостови за зајакнување на добрососедство се од голема вредност. Успешна работа, стои во четститката на министерот Едмонд Адеми упатена до Васил Стерјовски по повод изборот за пратеник во албанскиот Парламент.