Двајца мажи егзекутирани во Тексас и Џорџија, Мериленд сака укинување на смртната казна

Од:

Маж осуден на смрт за убиство на пријателка во 1994 година, беше егзекутиран во американската држава тексас.

Карл Блу (48) ја запалил Кармен Ричард Сандерс бидејќи сакала да живее со друг маж. Блу се обидел да го запали и нејзиниот пријател, но тој преживеал, по што сведочел на суд против него.

Тоа е прва извршена смртна пресуда во Тексас каде минатата година беа егзекутирани 15 луѓе. Уште 11 чекаат на извршување на смртна казна со смртоносна инекција.

Во државата Џорџија беше егзекутиран маж заради убиство на две лица во 1995 година. Тоа е прва пресуда извршена во државата по законски промени.

Американската држава Мериленд објави дека властите разгледуваат укинување на смртната казна. Со тоа Мериленд ќе биде 18-та од 50 држави во кои нема да се извршуваат смртни казни.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас