Пентагон почна преговори со снабдувачи на оружје за евентуално скратување на воените трошоци

Од:

Помошник-министерот за одбрана на САД Френк Кендал, кој е одговорен за испораките на оружје и воена техника за вооружените сили, наложи почнување преговори со снабдувачи на оружје, како резултат на очекуваното скратување на воените трошоци за 46 милијарди долари од 1 март.

– Индустријата треба да биде информирана за нашите планови и да учествува максимално во донесувањето одлуки, особено кога станува збор за договори кои се во сила или се очекува да бидат склучени, истакна Кендал.

Разговори за евентуално скратување на одделените средства ќе се водат и со научни институти и универзитети, кои работат на проекти нарачани од Пентагон.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас