Хилари Клинтон за едно предавање ќе добива хонорар над 200 илјади долари

Од:

Поранешниот американски државен секретар Хилари Клинтон која се повлече од функцијата во почетокот на месецот, за едно предавање ќе добива над 200 илјади долари, објави Тајм.

Како државен секретар таа добиваше годишно по 186 илјади долари.

Њујоршката агенција Хари Вокер која се занимава со организирање предавања на познати личности, соопшти дека склучила договор со Хилари.

Првото предавање ќе и биде напролет. Тајм тврди дека дел од хонорарите ќе бидат пренасочени во добротворни организации.

Со таа агенција веќе 11 години соработува Бил Клинтон, сопругот на Хилари,  и според американски медиуми, за тој период тој имал 471 предавање, со просечен хонорар од 189 илјади долари.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас