За 15 години џихадистите извршиле 112 напади на Западот

Од:

Според анализата на холандската служба за безбедност АИВД, во изминативе 15 години, џихадистите спровеле 112 терористички напади во западните земји, од кои три четвртини во последните пет години.

Големиот пораст на терористичките напади од 2014 година е поврзан со развојот на терористичкото движење Исламска држава на Сирија и Левантот, кое подоцна се преименува во Исламска држава (ИД).

Нападите погодиле 14 земји, вклучувајќи ја и Холандија, но 70 отсто од нив биле извршени само во четири земји – Франција, САД, Велика Британија и Германија.

Најголем број од нападите биле насочени кон лесно достапни и слабо обезбедени локации, како што се пешачки зони, трговски центри, плоштади и божиќни или новогодишни саеми, каде што се собираат поголем број луѓе.

Иако можеби впечатокот е поинаков, само шестпати цел на терористичките напади бил јавен собир: маратонот во Бостон, огнометот во Ница, атлетскиот натпревар во САД и трипати божиќни базари.

Од друга страна, армијата и полицијата биле многу често места на напади – во дури 36 отсто од случаите нападнати биле униформирани лица, а процентот бил највисок во последните пет години.

Според холандската служба за безбедност, нападите врз војската и полицијата се насочени кон униформа, а не кон лицето кое ја носи, што претставува напад врз државната власт и тоа за терористите е оправдано.

Посебна категорија на напади се оние поврзани со бесот кон луѓе, кои за терористите се богохулници, кои го навредуваат Куранот или пророкот Мухамед, како што беше цртежот на Данецот Курт Вестергард или францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо”.

Во својата анализа, холандската безбедносна служба, исто така, вели дека целта на терористичкиот напад не е секогаш јасна: информацијата за тоа која терористичката група ја презема одговорноста за нападот не е секогаш веродостојна, извршителите често ги менуваат изјавите, а понекогаш дури и по нападот измислуваат причини.

Покрај тоа, во прашање се и напади на осаменици, кои се одѕиваат на повик на терористичка организација да извршат напад и кои сметаат дека така даваат свој придонес во борбата против омразениот Запад.

Со падот на Исламскиот Калифат во Ирак и Сирија, што го прогласи ИД, нападите за Запад се намалени, констатира холандската служба за безбедност.

Публикацијата на холандската безбедносна служба има за цел да придонесе кон создавање објективна слика за терористичките напади на Западот, а анализата се занимава исклучиво со терористички напади мотивирани од радикалниот ислам или салафизам.

Би можело да ве интересира

Путин: Фактот што Западот слепо верува во сопствената неказнивост се заканува да стане трагедија

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во Германија

A1on

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

Исламската држава го пофали терористичкиот напад во Москва

Горан Наумовски

Во Германија пет лица се обвинети за помагање на Исламската држава