САД: Сопственик на фабрика обвинет поради салмонела во путер од кикирики

Од:

Поранешниот сопственик и генерален директор на една од најголемите компании во Америка за производство на путер од кикирики и неколку вработени ќе бидат изведени пред суд заради прикривање, дека нивните производи биле контаминирани со салмонела, што довело до смрт на девет лица, а стотици биле заразени.

Како што пишува Вол стрит џрнал, Стјуарт Парнел, поранешниот сопственик на “Пинат корпорејшн Америка” и четворица други раководители, кои биле должни да го проверуваат квалитетот на производите ќе бидат обвинети за труење со храна. Компанијата банкротираше во 2009 година по откривањето на скандалот со салмонела.

По истрагата, констатирано е дека “Пинат корпорејшн” ги продавала своите производи заразени со салмонела во најмалку 12 пратки испорачани во текот на претходните две години.

Обвинението кое содржи 75 страници, открива дека Парнел на неговите подредени преку е-мејл им зборувал да ги скријат примероците за кои било утврдено дека се заразени со салмонела и да продолжат со производството.

Колку големо влијание имала компанијата, говори податокот дека таа била советник на секретаријатот за земјоделство во Вашингтон.

Федералната влада дури од компанијата купувала и производи за децата во државните училишта, како помош на жртвите од природни катастрофи, како и за американските војници.
Откако е откриена аферата, повеќе од стотина жртви од салмонела добија, со судска одлука, вкупно 12 милиони долари отштета од компанијата.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас