Пендаровски – Ахмети: Сите политички фактори да се насочат кон помирување и обединување околу стратешките цели

Од:

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими претседателот на политичката партија Демократска унија за интеграција, Али Ахмети.

Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во Република Северна Македонија. Претседателот Пендаровски укажа на потребата во периодот што претстои сите политички чинители да имаат одговорен пристап и да ги насочат своите капацитети кон исполнување на реформската агенда, а со цел отпочнување на пристапните преговори за членство со Европската унија.

На средбата претседателот Пендаровски порача дека Република Северна Македонија е исправена пред историска шанса да се потврди како партнер и рамноправен дел од најзначајните сојузи во светот – Европската унија и НАТО. Тоа, според претседателот Пендаровски, е единствениот пат кој води кон стабилност и просперитет на државата и на регионот.

Оттаму, посочи претседателот Пендаровски, потребно е сите политички фактори во Република Северна Македонија да се насочат кон помирување и обединување околу стратешките цели на земјата.

Претседателот на ДУИ, Ахмети, упати честитки до претседателот Пендаровски по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во работата.

Би можело да ве интересира

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ

ВРЕДИ: Против кого протестира Бујар Ахмети – против самиот себе или против чичко му Али Ахмети

ВРЕДИ: ДУИ ги турна студентите на улица, ние овозможуваме сите испити да се полагаат на албански јазик

ДУИ: Нов договор – втор по ред со нови сомнежи за Бурим Латифи кој е повторно во центарот на скандалот во МЕПСО

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН

ДУИ: Бараме итна истрага за Бурим Латифи за штетата од шест милиони евра во МЕПСО