Магистралниот пат Прилеп – Ресен кој поради свлечиште беше затворен за сообраќај околу два месеца, од денеска од 12:50 часот е пуштен за сообраќај, соопшти АМСМ.
Поради свлечиштето сообраќајот на овој патен правец на обиколницата на Битола, беше во целосен прекин за сите видови на возила, а сообраќајот се пренасочуваше низ градот Битола.