Пендаровски до Тамара: Вие сте наши победници!

Од:

Претседателот Стево Пендаровски на својот Фејсбук профил и честиташе на нашата претставничка на Евровозија Тамара Тодевска, која синоќа во Тел Авив го освои осмото место.

– Честитки #TeamTamara, покажавте и докажавте дека секој вреди макотрпно да се бори за своите соништа, вие сте наши победници! Вчера ни ја донесовте Евровизија дома, заедно пеевме и го споделивме успехот, а граѓаните на Република Северна Македонија се горди на вас! Оставивте трајна вредност, песна посветена на секоја жена! Се гледаме наскоро, да ги споделите од прва рака впечатоците од импресивниот настап, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Нашата претставничка Тамара Тодевска со песната Proud („Горда“), се пласираше на осмото место на 64. издание на избор за песна на Евровизија, со што го освои највисокиот пласман на земјава досега на Евросонг.

Би можело да ве интересира

Какви се шансите Бугарија, која има финансиски тешкотии, воопшто да организира Евровизија?

А1он

ВИДЕО: Бугарија со „Бангаранга“ победи на Евросонг 2026

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Евровизија во знакот на спектаклот: Бугарија блесна, Кипар ја вжешти сцената

Горан Наумовски

Евровизиска еуфорија: Србија и Хрватска изборија место во финалето

Горан Наумовски

Израел доби зелено светло за Евровизија, неколку земји се откажаа од натпреварот

Горан Наумовски

Мерц: Ако Израел биде исклучен, Германија нема да учествува на Евровизија 2026

А1он