Тамара Тодевска со песната „Proud“ обезбеди место во финалето на 64. Евровизија, што се одржува во Тел Авив, Израел.
Таа вечерва во полуфиналето настапи под реден број 17.
Покрај Тамара од втората полуфинална вечер во финалето влегоа и претставниците на Холандија, Албанија, Шведска, Русија, Азербејџан, Данска, Норвешка, Швајцарија и Малта.
Претставници од првата полуфинална вечер кои се пласираа во финалето на Евровизија 2019 година се Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија.
Директно во финалето ќе настапат Германија, Израел, Италија, Франција и Шпанија.
Финалето на годинашниот Евросонг ќе се одржи в сабота кога свое седуминутно шоу ќе има Мадона.