(ВИДЕО) Руската разузнавачка служба уапси финансиер на Исламска држава

Од:

Руската сојузна безбедносна служба (ФСБ) го приведе 26-годишниот Георгиј Гуев поради сомнение дека давал финансиска помош на терористичката „Исламска држава“.

– Осомничениот собирал финансиски средства и ја помагал ИД и Исраел Акнабиев, познат и како Абу Умар Саситлински. Поради криминалните активности на Гуев, во периодот од 2015 до 2019 година на ИД и е уплатено најмалку 50 милиони рубљи (687.850 евра). Тие пари ги користеле терористичките групи и со тие пари организирале терористички напади, изјави Светлана Петренко, портпарол на руската Истражна комисија.

За време на апсењето запленети се и неговите банкарски картички, лап-топот и мобилни телефони.

До крајот на истрагата Гуев ќе остане во притвор, по што против него ќе биде покренато обвинение.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски