Претседателот на Либералната партија Ивон Величковски ја нарече манипулација, веста објавена од „Денешен.мк“, дека либералите ќе формираат пратеничка група во собранието со оние кандидатити на листите, кои по враќањето по оставките на опозициските пратеници, нема да се откажат од можноста да седнат во собраниските клупи.
„Не, воопшто ова не е точно. Веста на „Денешен.мк“ е манипулација“, вели Величковски за А1он.
Порталот Денешен.мк“ објави дека овие четворица членови на ЛП од кандидатските листи не се единствените кои нема да се откажат од можноста да станат пратеници, споменувајќи го и Панчо Минов, кој доколку не стане градоначалник би сакал повторно да стане пратеник.
Во игра, според порталот е и Лилјана Шалева Нисева од СДСМ, која е директор на Јавното комунално претпријатие во Чешиново-Облешево каде градоначалникот е од ВМРО-ДПМНЕ.