Левица: Здравството е во колапс, коалицијата за живот стана коалиција за смрт

Од:

„Владејачката коалиција додека беше во опозиција беше еден од најгласните критичари на тогашните владини политики, дрско манипулирајќи со бројките на изгубени животи во распаднатите болници и трагичните судбини, како случајот со малечката Тамара.

Иако како опозиција СДСМ ветуваа департизација и професионализација на здравството, зголемени плати на специјализантите до 100 000 денари и максимално снабдени капацитети, две години од доаѓањето на власт, целокупниот здравствен систем во Македонија е во колапс. Млади животи се жртви на чекањето донации за лекување во странство, медицинскиот персонал продолжува да работи за потценувачки плати и масовно да се иселува, додека коалицијата на власт спасот за својата неспособност и лукративност го бара во таканаречените јавни-приватни партнерства и во интересите на крупниот капитал и бизнисмени блиски до нив.

Болницата „Осми Септември” продолжува да работи со двојно помалку капацитети поради тоа што само девет анестиолози ги опслужуваат 50 лекари, додека пациентите чекаат со месеци за операции поради недостигот на материјали и нефункционалните апарати за кои нема средства во буџетот. Оваа самопрогласена „Коалиција за живот” со нејзините деструктивни, партизирани и профитерски политики целосно го заслужува епитетот „Коалиција за смрт” и наместо да го приватизира здравството и да предизвика долгорочна штета за обичните граѓани, мора веднаш да понесе политичка одговорност и да поднесе оставка“, се вели во соопштението на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ

Левица: Братот на обезбедувањето на премиерот Мицкоски на платниот списокот на Лотарија

А1он

(ВИДЕО) Мециновиќ: Пристапот до дом е врзан со долг – наместо дом за секого, Владата создава профит за малкумина

Левица: Ревизија на ЦСР, деца со попреченост заглавени во бирократија, милиони исплаќани без основ

Левица: Додека Алиу брои „продуктивност“ пациентите во Струга се оставени на милост и немилост – хирурзите излегоа на протест

Горан Наумовски