Поднесено обвинение за обид за разбојништво и силување во Струга

Од:

Основното јавно обвинителство Струга поднесен Обвинителен акт против две лица кои се товарат дека како соизвршители се обиделе да извршат кривични дела – разбојништво и силување.

– Настанот се случил на 31 декември 2018 година кога обвинетите, од кои едниот е државјанин на Република Албанија, влегле во обложувалница во Струга. Тие најпрвин чекале да заминат другите гости од објектот, по што физички нападнале вработена во обложувалницата, обидувајќи се да ја силуваат и да и го одземат клучот од касата. Оштетената силно се спротивставила и успеала да се оттргне од двајцата напаѓачи. Поради силното викање на оштетената тие побегнале од местото на настанот и не успеале во обидот, соопшти денеска ЈОРМ.

Против обвинетиот 46-годишен македонски државјанин се води постапка и од Основното јавно обвинителство Гостивар, кое го гони за кривично дело – Убиство. Осомничениот тоа делото го извршил на 29 декември 2018 година, кога со умисла од живот го лишил оштетениот – сопственик на угостителски објект во Кичево, нанесувајќи му убодни рани во пределот на градниот кош.

Би можело да ве интересира

Четворица нови обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ