Завршија градежните работи за рехабилитација на патот Делчево-Ѕвегор-граничен премин

Од:

Завршија градежните работи за рехабилитација на патниот правец Делчево – Ѕвегор – граничен премин во должина од пет километри. На овој патен правец според изведувачот ГП „Гранит“, останува уште поставувањето на вертикалната и хоризонталната сигнализација.

– По овие активности и завршувањето на рехабилитaцијата на патниот правец Делчево – Пехчево која е во тек, ќе почне рехабилитацијата на транзитниот булевар А3 од меѓународниот пат Делчево – граничен премин. Планирана е рехабилитација на двете коловозни ленти, односно од бензиската пумпа на влезот во Делчево до клучката со патниот правец за Берово, информираат од ГП „Гранит“.

Вредноста на работите е 500 илјади евра, a средствата како што дополнија од ГП „Гранит“ се обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта.

Двата проекта ЈПДП ги реализира со поддршка од Светска банка, каде оваа година се предвидени средства и за реконструкција на 11 километри на регионалниот пат Берово – Виница. Вкупниот буџет за трите инфраструктурни проекти е 3,3 милиони евра.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска