Со Пендаровски, и последната институција го добива називот со Северна Македонија

Од:

Kомплетирана е документацијата за промена на името на институцијата Претседател на државата. Во текот на денот институцијата ќе го добие називот Претседател на Република Северна Македонија, велат од Централниот регистар за „А1он“.

Откако промената ќе се запише, новоизбраниот претседател Стево Пендаровски ќе треба да ги промени и печатите.

Со оваа промени, се менува и името на последната институција која го користеше старото име, Република Македонија. Експретседателот Ѓорге Иванов не го признаваше новото уставно име Република Северна Македонија и одбиваше да изврши промени на називот во Централниот регистар и на веб-страницата. Промената на името на институцијата се прави согласно уставните измени, кои следуваа по потпишувањето на Преспанскиот договор. Пендаровски ќе треба да го промени името на институцијата Претседател и во меморандумите и во сите други записи.

По неговото доаѓање на функцијата, првата промена каде беше впишано името Претседател на Република Северна Македонија беше официјалната веб-страница.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Мојсоска: ДПМНЕ ја брише Република Македонија од законите додека Грција го укина Центарот за македонски јазик

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

Кехаја: Договорот од Преспа предвидува дека името на државата е неотповикливо

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on