Британски пратеник не го признава постоењето на Израел

Од:

Британскиот пратеник Џорџ Галовеј, од маргиналната партија Респект, што тој ја создаде и од која само тој е член на Парламентот, изјави дека не го признава постоењето на државата Израел и дека не сака дури да учествува и во дебата во која има претставник од таа држава.

Галовеј предизвика инцидент на Универзитетот во Оксфорд, кога налутен го напушти предавањето на кое беше еден од гостите, кога откри дека еден од соговорниците во дебата е млад израелски студент.

– Не сакам да имам било што со Израелците и да дебатирам со нив, рече овој британски пратеник, тврдејќи дека бил измамен за да дојде на предавањето.

Тој вели дека е против изаелската држава и дека се противи на секаква нормализација на односите со неа.

– Признавам само бојкот и санкционирање на оваа апартхејд-држава, се додека таа не биде поразена, им порача овој политичар на организаторите на предавањето во Оксфорд.

Џорџ Галовеј во 2003 година беше исклучен од британската Лабуристичка партија, чиј пратеник беше во тоа време, откако се разбра дека примал пари од Садам Хусеин, за да лобира во британската и меѓународната јавност за укинување на санкциите што ОН му ги наметна на тогашен Ирак.

Галовеј, меѓутоа, тврди дека од партијата бил исклучен и остана без пратеничката функција, затоа што беше противник на воената интервенција во Ирак.

Подоцна создаде своја партија Респект која има крајно левичарска определба и е силно промуслиманска. Сега е пратеник од изборната единица Братфорд-Запад, каде мнозинството од гласачите се британски муслимани. Ова е првпат, Галовеј да изјави дека не го признава постоењето на Изарел со јазикот што обично го користат Иран и властите во Газа, која е под контрола на Хамас.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски