Роберт Гејтс: Кандидатите за претседател на САД се премногу возрасни

Од:

Доволно одминатата возраст на кандидатите за претседател на САД на изборите во 2020 година е „проблем“, оцени поранешниот американски секретар за одбрана Роберт Гејтс во интервју за телевизијата Си-Би-Ес.

Конкретно тој говореше за интелектуалните способности на поранешниот потпретседател Џо Бајден, сенаторот Берни Сандерс и актуелниот шеф на државата Доналд Трамп. Во моментов Бајден има 76 години, Сандерс 77, а Трамп е на возраст од 72 години.

– Не сум убеден дека на таа возраст може да се зачува остроумноста која би можеле да ја имате на возраст од 60 години, изјави Гејтс, кој и самиот има 76 години.

Тргнувајќи од свое искуство, тој додаде дека прашањето за интелектуалните способности во одмината возраст е проблем како за него, така и за споменатите кандидати, „кои не се доволно енергични за функцијата претседател на САД“.

Гејтс, кој е републиканец, смета дека претседателот Трамп на возраст од 72 години можеби е исто така престар за таа функција. Трамп е највозрасниот претседател досега по поранешниот претседател Роналд Реган, кој го започнал својот втор мандат на 73-годишна возраст.

Гејтс укажа дека Реган сепак бил „доволно голем претседател“.

Демократската партија во САД исфрли дваесетмина учесници во трката, од кои најмладиот има 37 години, а најстариот има 77, кои се натпреваруваат за номинацијата претседателски кандидат кој ќе се бори против Трамп на следните избори во ноември 2020 година. Двајцата највозрасни, Бајден и Сандерс, се постојано на врвот на регионалните и националните анкети за популарност на демократските кандидати во претседателската трка.

Би можело да ве интересира

Камала Харис го призна поразот

Предраг Петровиќ

САД се погласно најавуваат распоредување на THAAD системот во Израел

Русија и Иран формираат сојуз, Америка е загрижена

Маж се самозапали за време на протест

Предраг Петровиќ

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета