Намалено ниво на реките во државава со просекот за мај покажуваат денешните хидролошки мерења.
Според УХМР, двојно пониско е нивото на реката Лепенец кај Скопје, на Треска кај Македонски Брод и на Крива Река кај Крива Паланка.
Единствено на исто ниво е водостојот на реката Бабуна кај Богомила.
Нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро се речиси идентични со просекот за мај.