Обединети нации соопштија дека денеска го набљудуваат прераспоредувањето на бунтовничките сили од трите главни пристаништа во Јемен, откако јеменската Влада повлекувањето на Хутите го оцени како фарса.
Шефот на мисијата на ОН за мониторинг на прекин на огнот во Ходеида, генерал полковник Михаел Лолсгард изјави дека набљудувачите ќе го проверат повлекувањето на бунтовниците од пристаништата Ходеида, Салиф и Рас-Иса во вторник.
Хутите вчера соопштија дека почнаа да се повлекуваат од пристаништата во согласност со договорот постигнат во декември минатата година.
И јеменската Влада и бунтовниците Хути се согласија да се повлечат од Ходеида, пристаниште преку кое се одвива 70 проценти од увозот на храна и хуманитарна помош во Јемен, но тие и понатаму се поделени за тоа кој треба да управува со пристаништата по повлекувањето.
Во Јемен со години трае граѓанската војна помеѓу бунтовниците Хути и меѓународно признаената Влада на претседателот Абд Рабо Мансур Хади.
Саудиска Арабија и нејзините сојузници од 2015 година интервенираат на страната на Хади, додека Хутите имаат поддршка од Иран.
Јемен е една од најсиромашните арапски држави, која се сочува со најголема хуманитарна криза предизвикана од војната.