Пратеникот од партијата Беса, Фадил Зендели од Собранието му ја честиташе функцијата на Стево Пендаровси и порача дека ќе соработуваат со него, но и будно ќе ги следат неговите постапки од позиција на опозиција.
Очекуваме конзинстентност, за ветеното на изборите, рече Зендели.
„Новиот претседател да го исполни она што го ветуваше на изборите. Ние сме во насока да соработуваме со него, како што и самиот побара од нас, во поглед на реформите и сите процеси поврзани со евроинтеграциите. Но, како опозиција ќе ги следиме неговите чекори да видиме дали постапува онака како што вети на изборите“, рече Зендели.
Габриела Димковиќ-Мишевска