Претепан турскиот новинар Демираг

Од:

Колумнистот Јавуз Селим Демираг, кој критички пишува за претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, е во болница откако беше претепан, соопшти дневниот весник „Јеничаг“.

Весникот наведува дека нивниот колумнист Демираг е претепан со безбол палки. Тој бил нападнат од пет до шест луѓе.

Причината за нападот на Демираг се уште е непозната.

Инцидентот се случува во време на зголемени тензии поради одлуката турската Врховна изборна комисија да ги поништи резултатите од изборите за градоначалник на Истанбул и закажа повторно гласање на 23 јуни.

Партијата на правдата и развојот на Ердоган тврди дека победата во Истанбул е добиена со измама, додека опозицијата истакнува дека е евидентен притисокот на Владата врз Врховна изборна комисија.

Би можело да ве интересира

Крвожедни видри нападнаа жена среде парк

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски