Статуата на слободата каква што никој не ја видел

Од:

Изложба на фотографии кои никој досега ги нема видено направија неодамна јавните библиотеки на Њујорк.

Граѓаните на метрополата можеа за првпат да ги видат сликите од симболот на слободата и неговото настанување, подоцна познат како симбол на Америка и патрон на градот Њујорк – Статуата на слободата.

Фотографиите се снимени во периодот помеѓу 1877 година и 1885 година во Париз каде што е направена статуата. Потоа е префрлена во Америка, 1886 година како подарок од Французите на САД во знак на нивното пријателство.

Вискока е 46,5 метри, но ако се додаде и држачот висок 47 метри, тогаш вкупната висина изнесува 93,5 метри. Таа во раката држи книга, односно американската Декларација за независност.

Авторот на Статуата е Фредерик Аугуст Бартолди кој ја претставил римска божица на слободата Либертас. Металната конструкција е дело на архитектот Густав Ајфел, познат како главен архитект на Ајфеловата кула во Париз.

Би можело да ве интересира

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) „Ако проектил од подморница летне кон Америка…“: Џеј-Ди Венс и се закани на Данска од воената база на Гренланд

Предраг Петровиќ

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

САД го бомбардира Јемен, Хутите му се одмаздуваат на Израел