Затворен заливот во Тајланд каде што се снимаше филмот „Плажа“

Од:

Тајландскиот залив, кој по филмот „Плажа“ стана познат ширум светот, ќе остане затворен до 2021 година, бидејќи неговата флора и фауна се сериозно нарушени поради прекумерниот број посетители.

Заливот Маја, на островот Фи Фи Ле, привремено беше затворен минатата година, а пред тоа секој ден го посетуваа до 5.000 луѓе.

Како резултат на тоа, повеќето корали угинале.

Властите сега ја проширија забраната за посетителите на уште две години за да дадат повеќе време на еколошкото закрепнување на заливот.

Плажата беше клучно место на дејството на филмот во кој главната улога ја толкуваше Леонардо ди Каприо.

Отакако беше затворена плажата минатата година, во нејзините води се видени одреден вид ајкули.

Професорот Тон Тамронгнавасават, кој го советува тајландското Министерство за национални паркови, изјави во јануари дека бројот на посетители ќе биде ограничен кога повторно ќе биде отворен заливот, а на чамците нема да им биде дозволено да се усидрат.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска